Касемиро и Реал ја продолжија соработката

115

FOTO> Real Madrid

Бразилецот Касемиро е осмиот фудбалер на Реал Мадрид кој летово го продолжи договорот со клубот од Мадрид. По Куртоа, Вазкез, Бензема, Начо Фернандес, Карвахал, Модриќ и Валверде, денеска потпис на новиот договор со важност до јуни 2025 година стави Касемиро. Неговиот претходен договор истекуваше во 2023 година, па е продолжен на дополнителни две години што значи дека ќе остане во Реал до свои 35 години.

Бразилскиот играч за врска дојде во Реал во 2013 година од Сао Пауло. Една сезона играше како позајмен во Порто.

ПретходноХамиди: Шкупи оди по трите бода против Скопје
СледноСити се повлече од трката, Јунајтед е на потег за Роналдо