Кристијано Роналдо: Збогум Јуве, го оставив срцето и душата за тебе

440

Кристијано Роналдо заминува од Јувентус и се враќа во својот некогашен клуб, Манчестер Јунајтед.

Ова го потврдија и клубот, а и самиот Роналдо по лудо поминатиот ден во кој тој најпрво требаше да се пресели во ривалот Сити, за да на крајот се врати официјално на Олд Трафорд.

Откако се е готово, Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи одлучи да се збогува со неговиот досегашен клуб, и да му посака се најдобро во иднина. Роналдо истакна дека играл за најдобриот клуб во Италија, еден од најдобрите во Европа и дека дал се што имал додека бил дел од „Старата дама“.

 

ПретходноДемир Имери нов член на тимот на Егнатиа
СледноХалиловиќ кај Пауновиќ во Рединг