Кудуз со први впечатоци: Чувството да се игра пред овие навивачи е неверојатно!

484

Анте Кудуз заедно со Тимур Дибиров беа „убиствениот“ тандем на дуелот против ППД Загреб, прв во четвртфиналето за пласман на фајнл-фор завршницата. Двајцата постигнаа по седум гола или повеќе од половината на македонскиот првак (24).

Новите вардарци имаа шанса да ја почувствуваат атмосферата во СЦ „Јане Сандански“, иако не беше исполнет поради мерките за Ковид-19, сепак оние кои дојдоа беа доволни за да ги поведат своите момци кон триумф.

„Чувството да се игра пред навивачите е неверојатно, ни дадоа ветар во грб. Мечот беше машки, борбен и тежок. Успеавме да ја одржиме предноста иако на момент имавме падови, покажавме карактер и тоа е нашата главна карактеристика.

Но, ништо не е готово, нема да брзаме, знаеме кој е Загреб. Одиме таму како да е 0-0, со вакво размислување можеме да дадеме многу повеќе“, изјави Кудуз по мечот.

Реваншот меѓу Вардар и ППД Загреб е закажан за 31. овој месец, македонскиот првак има предност од четири гола, на првата средба славеше со 24-20.

ПретходноНеговите менаџери веќе се во Париз, ПСЖ ја пикираше замената за Мбапе
СледноФеникс не се шегува, потпишан нов странец