Луда ноќ: Мендеш ја прошета цела Европа за Роналдо

680

Кристијано Роналдо во својата 36. година е на прагот да направи уште еден голем трансфер, после три години го напушта Јувентус и ќе замине во Манчестер Сити.

Италијанските медиуми вчера објавија дека работата околу трансферот е завршена по бурната вечер. Договорот мора да биде готов на време, во Англија преодниот рој завршува на 31. август, па трите страни морат да најдат заедничко решение за четири дена.

Познатиот новинар, Фабрицио Романо открива дека менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш по преговорите со Јувентус во Торини и по Париз, продолжил за Порто. Овој град бил претпоследната патна станица до Манчестер, каде ќе ја договори платата и премиите со новиот клуб на Роналдо. Сити за ѕвездата ќе мора да плати измеѓу 28 и 30 милиони евра.


Истиот новинар открива дека Роналдо во Сити нема да ја зема истата плата како во Јувентус, каде заработуваше 31 милиони евра.

ПретходноФеникс не се шегува, потпишан нов странец
СледноМбапе ќе го земе бројот на неговиот сонародник во Реал Мадрид