Мбапе ќе го земе бројот на неговиот сонародник во Реал Мадрид

745

Килијан Мбапе наскоро и официјално треба да биде претставен како нов играч на Реал Мадрид. Францускиот фудбалер одлучи да го напушти Париз, се чека само двата клуба да го завршат трансферот.

Веќе е познато дека официјалната понуда од “кралевите“ е 170 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси. Се очекува ПСЖ да ја прифати понудата, што пак ќе се случи наскоро, раководството на „светците“ веќе тргна по замената за Мбапе.

Во меѓувреме шпанските медиуми пишаа дека најдобриот млад фудбалер на денешницата веќе го одбрал и бројот на дрес. Тој ја сака 23 која му припаѓа на неговиот сонародник, Ферлан Менди. „АС“ открива дека Менди нема ништо против да му ја исполни оваа желба.

Мбапе ќе постане вториот најскап играч во историјата на фудбалот после Нејмар за кого ПСЖ во 2017 година плати 222 милиони евра.

ПретходноЛуда ноќ: Мендеш ја прошета цела Европа за Роналдо
СледноБруно насмеан, Алими на тренинг!