Се сврте работата. Кристијано Роналдо нема да оди во Манчестер Сити, туку ќе оди во градскиот ривал Манчестер Јунајтед со што ќе направи кам-бек на „Олд Трафорд“. Португалецот утринава го напуштил Јувентус во насока на Англија, а клубот се уште не се знае. Како што одминува времето се погласно се зборува дека Роналдо ќе се врати во Манчестер Јунајтед.
Сити се откажал од трката затоа што менаџерот на фудбалерот Жорж Мендес ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед. Мендес смета дека најдобро за Роналдо е да направи емоционално враќање на „Олд Трафорд“.
Јунајтед понудил 28 милиони евра што е прифатлива сума за Јувентус. Неофицијално, Роналдо со Јунајтед ќе потпише договор до 2023 година.
🚨 Manchester City are unhappy at Jorge Mendes’ behaviour. Ronaldo’s agent decided it was better for his client to make an emotional return to Man Utd rather than to join City.
(Source: @MarkOgden_)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 27, 2021