Неговите менаџери веќе се во Париз, ПСЖ ја пикираше замената за Мбапе

456

ПСЖ нервозно реагираше на понудите на Реал Мадрид за Мбапе, но сега веќе бара замена за него. Раководството на клубот не сака на последниот ден од преодниот ток да остане без алтернатива.

Мбапе во Реал Мадрид ќе оди за 160 милиони евра плус бонуси, а негова замена ќе биде Ричарлисон. Неговите менаџери веќе во Париз на преговори, додека пак Евертон се плаши дека нема да може да го задржи Бразилецот, кој во три сезони постигна над 40 голови.

Ричарлисон ова лето го мина со Бразил, прво настапуваше на Копа Америка, а потоа на Олимписките игри.

А стравот на Евертон е оправдан, сигурно нема да пропушти шанса да заигра со Меси и Нејмар. Премиер-лигашот на крајот ќе нема многу избор, единствено што му преостанува е да го пушти во ПСЖ.

ПретходноЕдна поинаква фудбалска „бајка“: Вчера направија БУМ, денеска мора да одат на работа
СледноКудуз со први впечатоци: Чувството да се игра пред овие навивачи е неверојатно!