ПСЖ очигледно не е растревожен од нападот на Реал (М) за младиот Мбапе. Според весникот „Ле Паризиен“, парискиот клуб ја отфрлил и втората понуда од 170 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси, која „кралскиот клуб“ ја доставил за младиот француски голгетер.
Иако во јавноста се доби впечаток дека трансферот на Мбапе во Реал е завршена работа, во ПСЖ не брзаат да оддолеат на „нападите“ на Реал.
„Ле Паризиен“ пишува дека „Лос Бланкос“ најверојатно ќе одат со уште една нова, подобрена понуда.