Португалецот има уште една година договор со „Старата дама“, се чинеше дека ќе остане бидејќи сезоната почна, но дојде до промени.
Италијанските медиуми на големо пишуваат дека наскоро треба да биде официјализиран како ново засилување на Манчестер Сити. Тој беше поврзуван и со ПСЖ, но од таму порачаа дека не се заинтересирани за него.
Сити треба да понуди околу 25 милиони евра за Роналдо, се верува дека и двата клуба сите детали ќе ги решат уште денеска.
Исто така медиумите во Италија објавија дека Португалецот нема да биде во составот на Масимилијано Алегри за дуелот против Емполи кој се игра утре во 20:45 часот, сака што побрзо да си замине од клубот.