Саутгејт: Никој не ме навредил повеќе отколку антиваксерите!

279

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт се пожали дека им проблеми со антиваксерите. Имено човекот кој ова лето ја однесе Англија во финалето на ЕУРО 2020, бил дел од кампањата за вакцинација против Ковид-19. И тоа му донело проблеми.

Од мене беше побарано да учествувам во видео кое промовира вакцинација. Решив дека ова е одговорна задача и затоа се согласив. Но тогаш бев навредуван од антиваксерите. Никој не ме навредил повеќе од нив. Размислувајќи за сите навреди што ги претрпев ова лето, ова беше премногу“ рече покрај другото Саутгејт.

ПретходноИ официјално: Екс – вардарецот Сташ Скубе потпиша за Келце!
СледноПројковска ќе суди во Каменица, Кит Го ќе игра во Штип!