Неколку денови пред завршувањето на преодниот рок, големата португалска ѕвезда Кристијано Роналдо посака да направи трансфер, да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата.
Се зборува за трансфер во Манчестер Сити, но „граѓаните“ се откажале од него. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој е специјалист за трансфери на фудбалери, вели дека трансфер на Португалецот на „Етихад“ не е можен.
Но од друга страна Манчестер Јунајтед ја отвори вратата за кам-бек на Роналдо.
Зборувајќи на прес-конференцијата пред мечот со Вулверхемптон во Премиер лигата менаџерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер истакна дека не мислел дека Роналдо ќе го напушти Јувентус.
„Отсекогаш сме имале добра комуникација. Бруно (Фернандес) разговараше со него. Тој знае што чувствуваме кон него, ако сака да се врати, знае дека вратата му е отворена“, изјави Солскјер.
Романо исто така известува дека „Црвените ѓаволи“ разговарале со менаџерот на Роналдо Жорж Мендес. Ќе видиме што ќе излезе од целата оваа ситуација.
Manchester City have decided to LEAVE negotiations for Cristiano Ronaldo. He’s NOT joining Manchester City – club position has been so clear in the last minutes. 🚫🔵 #MCFC #Ronaldo
Important to clarify: personal terms have never been agreed, same for fee for Juventus. ❌ pic.twitter.com/lEE5A6XSKY
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 27, 2021