Халиловиќ кај Пауновиќ во Рединг

261

Ален Халиловиќ, некогашната голема фудбалска надеж на Хрватска има нов клуб. А тоа е англискиот Рединг кој е член на Чемпионшип дивизијата, а негов тренер е Србинот Вељко Пауновиќ.

Тој потпиша едногодипен договор, и ќе има по којзнае кој пат шанса во кариерата да покаже дека не е само пропаднат талент кој менува клубови насекаде во Европа секој нареден преоден рок.

Халиловиќ инаку во моментов има само 25 години, а досега беше член на Динамо, Барселона, Спортинг Хихон, Лас Палмас, Херенвен, Хамбургер, Милан, Стандард Лиеж и Бирмингем Сити.

 

 

ПретходноКристијано Роналдо: Збогум Јуве, го оставив срцето и душата за тебе
СледноУдинезе со прва домашна победа, падна Венеција (ВИДЕО)