Алегри: Роналдо ми рече дека не сака да остане во Јувентус

179

Се поизвесно е дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус и ќе премине во друг клуб. Манчестер Сити е најзагреан за него, па ќе видиме што ќе се случи. Наводно „граѓаните“ ќе платат 25 милиони евра за него, а фудбалерот ќе потпише двегодишен договор.

Тренерот на Јуве Масимилијано Алегри откри дека зборувал со Роналдо, а Португалецот рекол дека не сака да остане во Торино.

Зборував со Кристијано и ми рече дека нема намера да остане во Јувентус. Не сум разочаран затоа што тој направи избор и бара нов клуб после три години во Торино. Тоа е дел од животот. Поради тоа не тренираше денес и нема да игра утре против Емполи“, изјави Алегри.

ПретходноЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ: Партизан со Гент, Тотенхем против Рен, Рома оди во Софија…
СледноРФМ ги награди Начевски и Николов за афирмација на македонскиот ракомет