Дебитантски „бум-бум“ на Кореа за пресврт и победа на Интер кај Верона (ВИДЕО)

287

Само 10 минути му беа потребни на Хоакин Кореа да го постигне првиот гол во дресот на својот нов клуб Интер, a потоа во самата завршница да го запише и вториот гол зад своето име и да му донесе победа на италијанскиот шампион во 2. коло од Серија А лигата.

„Нероаѕурите“ вечерва кај Верона беа во негатива од 1:0 откако во првото полувреме Илиќ ги донесе домашните до водство, па мораа да се потрудат да направат целосен пресврт во вториот дел за да ги соберат трите бода од ова тешко гостување.

Лаутаро Мартинез во 47. минута погоди за израмнување на 1:1, а по жестокиот притисок, Хоакин Кореа во своите дебитантски минути во дресот на Интер (влезе во игра во 74. минута), успеа да погоди во 83. минута и да донесе комплетен пресврт на средбата. Дека е полн погодок неговото доаѓање во Милано, потврди со својот втор гол во 94. минута со кој стави печат на победата од 3:1.

За шампионот ова е втора победа, откако во 1. коло славеше убедливо над Џенова со 4:0.

ПретходноДрама во Дортмунд: Примија гол во 90. минута, па Халанд врати во следниот напад за победа (ВИДЕО)
СледноЧикаго го испрати Марканен во Кливленд