Гибралтар ќе има свој тим во групната фаза во Конференциската лига. Оваа земја испиша историја, за првпат ќе има претставникн во едно сериозно европско клупско натпреварување. До вчера овој тим беше аматерски, сега успеа да направи БУМ во Европа.
Линколн во реваншот од плеј-офот во КЛ, успеа да го победи тимот на Рига од Летонија со 3:1 и тоа по продолженијата.
Доста интересно е што дел од фудбалерите на овој тим, денеска ќе мораат да одат на работа. Дел се трета смена, дел втора или прва, дел од нив работат како учители, во пошта, во ресторани…Но, тоа на никого не му смета, Гибралтар ја живее својата најубава фудбалска есенска бајка.