Она што се најавуваше веќе неколку денови, сега е и официјално. Екс – вардарецот Сташ Скубе е нов ракометар на Келце, но од следната сезона.
Словенецот веќе е промовиран од страна на полскиот клуб, а и самиот ја потврди оваа вест. Инаку сегашниот член на Мешков Брест, во Келце ќе почне да игра од 1 јули 2022 година.
“Среќен сум што потпишав за Келце. Добро ми се познати и клубот, екипата и навивачите на Келце.Се надевам дека од следната сезона па натаму ќе му помогнам на Келце да ги оствари сите свои цели“ изјави Сташ Скубе.