Oд Истанбул, Игор Д. Ивановски
Денеска се извлечени и групите од новоформираната Лига на конференции. 32 екипи се поделени во осум групи. Јасно е дека Тотенхем и Рома се најголеми фаворити за трофејот. Тотенхем е во групата Г со француски Рен, холандски Витесе и словенечка Мура. Рома за ривали во групата Ц ги доби ЦСКА Софија, норвешки Бодо/Глимт и украинска Зорја.
Српскиот Партизан ќе оди на белгиски Гент, естонска Флора и кипарски Анортозис. Тоа на прв поглед е лесна група, па поранешниот српски првак има шанси за место во нокаут фазата.