Серафимов повторно стрелец, но неговиот Залаегерсег загуби

306

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов ја продолжи голгетерската низа во првенството на Унгарија.

Вечерва во меч од 5. коло, Залаегерсег на домашен терен беше поразен од Хонвед со 3:1, а единствениот гол за домашните го постигна нашиот стопер. Гостите имаа предност од 3:0 до 74. минута, кога Серафимов погоди за намалување на 1:3 со што го запиша својот втор гол сезонава во дресот на Залаегерсег.

Миловановиќ, кој исто така го почна мечот во стартната постава за домашните, се повреди уште во 23. минута и мораше да го напушти теренот.

ПретходноБутел подобар од Т. Пролет на „контролката“ пред ЛЕ
СледноДрама во Дортмунд: Примија гол во 90. минута, па Халанд врати во следниот напад за победа (ВИДЕО)