Во само три дена, Феникс 2010 потпиша три нови засилувања – две странски. Новиот прволигаш испрати порака дека ќе биде конкурентен во својата дебитанска сезона меѓу најдобрите во мак-баскетот.
Најново од Феникс е Ахмад Кларк. Станува збор за 24-годишен кошаркар, кој доаѓа од Универзитетот Албани, неговиот просек е 16.7 поени, 4.9 скока и 4.1 асистенција. Кларк може да одговори на двете бековски позиции.
Кларк е шестото засилување (трет странец) во редовите на Феникс 2010, претходно потпис ставија Михајло Арсоски, Павле Михајловски, Борјан Стојановски, Куртис Џоунс и Двејн Морган.