Хамиди: Шкупи оди по трите бода против Скопје

164

Мечот од 5.коло во ПМФЛ меѓу Шкупи и Скопје, ќе се одигра утре со почеток од 16 часот и тоа на стадионот “Борис Трајковски“. Ова ќе биде уште едно скопско дерби. Секако дека чаирчани се фаворити, со оглед на квалитетот и амбициите.

Интернационалецот од Алжир, Валид Хамиди има свој коментар за тоа што може да се очекува од неговиот Шкупи.

Утре не очекува важен, но и тежок натпревар. Сепак за нас се знае која е целта, а таа е победа. Јасно е дека против Скопје одиме по трите бода. Уште еднаш ќе дадеме се од себе да ги израдуваме нашите фанови“ изјави за клупскиот сајт офанзивецот на Шкупи.

ПретходноРФМ ги награди Начевски и Николов за афирмација на македонскиот ракомет
СледноКасемиро и Реал ја продолжија соработката