Адем со тројка ги “поздрави“ велешани и за прво место на голгетерската листа!

546

Македонија ЃП одново победи и тоа благодарение на Ермедин Адем.“Лавовите“ го победија Борец со 3:2, а сите три гола беа дело на играчот за врска. Првите два од пенал, а потоа и од игра, колку да покаже Адем дека знае и од игра да стрела во противничката мрежа.

Овие три гола му го донесоа првото место, по 5.коло, на голгетерската листа. Сега тој има 5 голови колку што има и Мартин Мирчевски од А. Пандев. По четири имаат Дориев (Шкендија) и Селмани (Ренова).

ПретходноАлтипармаковски е херојот на штипските „сини“!
СледноРичарлисон и Калверт-Левин се расправаа кој да изведе пенал, реагираа и останатите фудбалери (ВИДЕО)