Вечерва на „Елбасан Арената“ во Тирана, се игра Суперкупот на Албанија. Се среќаваат шампионот Теута и освојувачот на Купот, тимот на Влазнија.
И во едната и во другата екипа има наши интернационалци, но сепак во преден план е екс – Шкендија дуелот меѓу Баже Тодоровски и Томас Брдариќ.
Да се потсетиме дека пред четири години и двајцата беа заедно во Шкендија, Баже како играч, а германскиот стратег како тренер.
“Се сеќавам на тие моменти. Сепак Брдариќ не се задржа многу во Шкендија, само неколку месеци. Покажа во Влазнија дека се работи за добар тренер. Вечерва ќе бидеме на спрортивните страни. Во Теута секако дека тука се и моите сонародници Целески и Горгиев, а за Влазнија ќе настапат Адили и Ѓурѓевиќ. Очекувам интересен меч, и се разбира наша победа и освојување на нов пехар“ изјави Тодоровски за „Спортмедиа“.
Ако дојде до тоа, ако Теута успее да победи вечерва, тоа за Тодоровски ќе биде четврти трофеј со оваа екипа. Досега освои пехар во првенството, лани пак ги освои Суперкупот и Купот на Албанија.