Капело ја знае причината поради која Роналдо го напушти Јуве

840

Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Торино, иако се чинеше дека ќе направио трансфер во Манчестер Сити, тој поптипа за својот некогашен тим, Манчестер Јунајтед.

Во јавноста излегоа најразлини причини поради кои Португалецот одлучи да не го одработи договорот до крај со Јуве. Легендарниот италијански тренер Фабио Капело излезе со свое видување.

„Роналдо заклучи дека Јувентус нема квалитетен тим и дека не може многу да постигне на меѓународна сцена. Имаше три неуспешни обиди да ја освои Лигата на шампиони, па сигурно тоа е една од главните причини“, изјави Капело.

Роналдо во Јунајтед играше од 2003 до 2009 година, тој ќе се обиде на „Олд Трафорд“ да донесе пехар од ЛШ, секако и со останатите момци да бидат конкурентни во Англија.

ПретходноКошаркарите од последниот шешир ќе ги чекаат противниците во квалификациите за Мундијалот
СледноПМФЛ: Шкендија се спаси во Битола, трилер победа на Брегалница, Шкупи го “наполни“ Скопје!