Мориба бега од Барселона и се сели во Бундеслигата

258

Бунтовникот од Барселона, младиот Илаиш Мориба, по се изгледа до крајот на преодниот рок ќе се пресели во германската Бундеслига.

Според информацијата на авторитетниот „Билд“, младиот фудбалер за врска има понуда од Лајпциг, а тој начелно ги договорил и условите од личниот договор.

Тотенхем беше заинтересиран за 18-годишниот играч од средниот ред на Барселона, кој не сака да го продолжи договорот со Каталонците, а пред извесно време ја „извиси“ и Шпанската федерација, откако одлучи да игра за репрезентацијата на Гвинеја, иако претходно рече дека сака да го облее дресот на Шпанија. Барса сака да добие обештетување во износ од 15 милиони евра, а првата понуда на Лајпциг од 8 милиони беше одбиена.

ПретходноЕспаргаро тргнува како прв на Силверстоун
СледноПолувреме: Јуфо удри по “својата“ Шкендија, прекрасен гол на Велиновски во Штип