Се чини дека “кралевите“ полека го губат трпението. Откако ПСЖ и втората понуда од 180 милиони евра за Килијан Мбапе ја одби, Реал Мадрид утринава со директен ултиматум до нив.
“Имате два дена да ја прифатите понудата, значи до утре е последен ден. Во спротивно трансферот на Мбапе во Реал Мадрид пропаѓа“ стои во дел од ултиматумот на “кралевите“ до ПСЖ како што пренесуваат медиумите во Фрација и Шпанија.
Сега останува да се види како ќе реагираат шеиците од Катар, кои пак не сакаат премногу вакви закани. Сепак 180 милиони евра си се 180 милиони евра.