Брегалница одигра уште еден трилер меч. Ако против Шкендија во 93 минута се спасуваше од пораз, попладнево на свој терен во Штип, таа 93 минута беше среќна за “сините“, но за победа. Имено искусниот Марјан Алтипармаковски со гол во последните секунди им донесе триумф на штипјани, прв во сезонава и тоа со 3:2.
Конечно Брегалница победи, еуфорија под Исарот.
Сите три гола за домашните ги постигнаа новаците, Ескиќ, Ѓокиќ и Алтипармаковски. Додека за гостите стрелаа Велиновски и Мирчевски.
Ова е прв пораз на Академија Пандев сезонава. И со тоа го загуби првото место на табелата.
Сега лидер е Шкупи со 10 бодови, исто колку и “пандевци“ кои имаат послаба гол разлика.
ТАБЕЛА
1.Шкупи 10, 2.А. Пандев 10, 3.Струга ТЛ 9. 4.Македонија ЃП 9, 5.Струга ТЛ 8, 6.Работнички 8, 7. Брегалница 7, 8.Шкендија 6, 9.Скопје 5, 10.Борец 4, 11.Тиквеш 2, 12.Пелистер 1