Баерн ја здроби Херта, Левандовски постави нов рекорд!

282

Баерн Минхен славеше со 5:0 против Херта во 3. коло на Бундес лигата. Во првото полувреме стрелаа Томас Милер и Роберт Левандовски, а во второто младиот Мусиала и уште два на Левандовски со што Полјакот заокружи хет-трик.

Со овие голови Левандовски постави нов рекорд во Баерн.

Полскиот голгетер реализира гол(ови) за Баерн на 16-ти меч по ред (13-ти во Бундес лигата) со тоа го собори претходниот рекорд на легендарниот Герд Милер кој во период од 1969 до 1970 постигнуваше голови на 15 натпревари по ред.

Серијата на Левандовски почна на 15 февруари 2021 на мечот меѓу Баерн и Арминија (3:3). А во истата постигнуваше по три гола уште против Борусија Дортмунд, Штутгарт и Борусија Менхенгладбах со што минатата сезона ја заврши со 41 бундеслигашки гол со што за еден гол го подобри претходниот рекорд на Милер од 1971/72.

Левандовски во новата сезона ја тресеше мрежата на Менхенгладбах, Келн и сега на Херта.

Инаку во таа серија од 16 меча по ред Полјакот реализираше 26 гола.

ПретходноОдбојкарите порачаа: Ново Европско за малата земја со големи соништа!
СледноЧелзи со играч помалку откина бод на Енфилд (видео)