Екипата на Леванте го претрпе првиот пораз во новата сезона во шпанската Ла Лига. Тимот од Валенсија по двете ремија во претходните две кола, сега доживеа пораз од Сосиедад и тоа во Сан Себастијан со 1:0. Голот вреден три бода за „сино-белите“ е Баренечеа во 42. минута.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше страртер и играше до 65. минута кога тренерот го замени со Моралес.
Сосиедад има две победи и едно реми по 3. кола.
ФОТО: Twitter/Levante UD