Фудбалерите на Баер (Л) врзаа втора убедлива победа во Бунделсигата, откако попладнево славеа на гостувањето кај Аугзбург со високи 4:1. Домашните тргнаа со водство благодарение на двата автогола кои си ги постигнаа домашните уште во 14. минути, за во 30. минута сепак, преку Нидерлехнер да погодат за 1:2 и да најават интересно продолжение на мечот.
Сепак, „фармацевтите“ во второто полувреме беа далеку подобар тим од Аугзбург и со головите на Шик и Вирц само ја запечатија победата.
Штутгарт уште еднаш разочара, овој пат е поразен дома од Фрајбург со 3:2, додека Келн и Мајнц обезбедија сигурни победи над Бохум, односно Гројтер Фирт.
БУНДЕСЛИГА – 3. КОЛО
Мајнц – Гројтер Фирт 2:0
Аугзбург – Баер (Л) 1:4
Штутгарт – Фрајбург 2:3
Арминија Б. – Ајнтрахт (Ф) 1:1
Келн – Бохум 2:1
Баерн (М) – Херта 18.30 ч.