Убава вест за селекторот Благоја Милевски и сите нас. Имено Бобан Николов има негативен тест од вчерашното тестирање на Ковид-19 и веќе тргна за Македонија. Тој успеа да ја победи короната за само пет дена.
Новиот фудбалер на Шериф вечерва треба да пристигне во Скопје и утре да се појави на прозивката во пресрет на септемврискиот квалификациски циклус.
Да потсетиме. На 2 септември играме со Ерменија дома, три дена подоцна му гостуваме на Исланд, а на 8 септември дома ја дочекуваме Романија.
Секако дека со Бобан Николов, еден од нашите најдобри играчи, во средниот ред, се ќе биде полесно за селекторот Благоја Милевски.