Навивачите на Милан очигледно никогаш нема да му простат на Џиџи Донарума што замине од нивниот клуб, и се пресели летово во ПСЖ.
Тоа според нив е големо предавство, да заминеш од клубот кој те создал и кој ти дал шанса само поради поголема плата, па затоа тие на секој начин се обидуваат тоа да го покажат на јавноста. Пораките секако дека стигнуваат и до самиот Донарума, а едната од нив како транспарент е објавена пред самиот тренинг центар на Милан.
„Донарума себично копиле. Припази кога шеташ низ твојот роден град Милано, да не ти се случи нешто“ – стои напишано на транспарентот.
#Milan, striscioni contro #Donnarumma pic.twitter.com/A6qKSplpFS
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 28, 2021