Попладне во Тетово, во меч од 5.коло во ПМФЛ, Работнички му гостува на тимот на Ренова. И двете екипи во минатите четири кола освоија по седум бодови, и двете екипи се во добра форма.
За тоа што може да се очекува од Работнички на ова гостување кај “гипсарите“ свое размислување има дефанзивецот на тимот од Градски парк, Бојан Илиевски:
„Му гостуваме на квалитетен тим, кој дополнително се засили во летниот преоден рок. Тим кој што игра цврсто, посебно дома, не дава така често да се тресе сопствената мрежа. Лично очекувам неизвесен натпревар на кој една грешка или потег би можел да биде решавачки. Ние сме подготвени за надигрување, верувам дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите на шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Ако го направиме тоа би можеле да дојдеме до позитивен резултат“ констатира Илиевски.