Кошаркарите од последниот шешир ќе ги чекаат противниците во квалификациите за Мундијалот

212

Македонската кошаркарска репрезентација се најде во последниот – осми шешир пред ждрепката за квалификациите за Светскиот Куп 2023 година, кој ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Ждрепката е закажана за 31 август во 12 часот и ќе се одржи во швајцарскиот град Миес. Македонија нема да ги има за противниците селекциите на Португалија, Шведска и Словачка.

ШЕШИР 1: Шпанија, Франција, Словенија, Србија.

ШЕШИР 2: Литванија, Грција, Италија, Германија.

ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција.

ШЕШИР 4: Хрватска, Украина, Летонија, Црна Гора.

ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија.

ШЕШИР 6: Израел, БиХ, Велика Британија, Холандија.

ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија.

ШЕШИР 8: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Португалија, Шведска.

ПретходноБундеслига: „Фармацевтите“ го збришаа и Аугзбург, Штутгарт загуби дома (ВИДЕО)
СледноКапело ја знае причината поради која Роналдо го напушти Јуве