Барселона утре на домашен терен го пречекува Гетафе во рамките на 3. коло во Ла Лига. Каталонскиот клуб после две кола има четири освоени бода и единствена цел на оваа средба е победа.
Барселона утре на домашен терен го пречекува Гетафе во рамките на 3. коло во Ла Лига. Каталонскиот клуб после две кола има четири освоени бода и единствена цел на оваа средба е победа.
Роналд Куман денеска го објави списокот, медиумите очекуваа дека во составот ќе биде Ансу Фати кој после девет месеци се врати на тренинзите по повредата на коленото. Информациите дека тој ќе игра против Севиља после репрезентативната пауза го налутија Куман.
„Прочитав во весниците дека Фати ќе биде подготвен после репрезентативната пауза, одма да ви кажам дека тоа не е вистина. Не сакаме да разикуваме бидејќи долго време беше повреден и со лесно темпо ќе се врати на терен“, изјави Куман.