Нов срам за „топчиите“: Шампионот го „петардираше“ Арсенал (ВИДЕО)

147

Арсенал доживеа нова фудбалска бламажа на стартот на новата сезона во Премиерлигата. Наместо дерби, денеска на „Етихад“ во Манчестер имаше само еден тим.

Шампионот Манчестер Сити славеше со убедливи 5:0 и му нанесе уште еден тежок и сериозен удар на лондонскиот тим, кој од почетокот на сезоната не само што нема освоено ниту бод, туку се уште нема постигнато ниту еден гол на натпреварите од англиската елита.

„Граѓаните“ брзо го отворија и го затворија „дербито“ денеска. Во 7. минута Гундоан со глава погоди за 1:0, а само 5 минути подоцна со својот прв гол Феран Торес зголеми и на 2:0. Во 35. минута, проблем плус за Артета и неговите момци беше исклучувањето на Џака, кој влезе остро во еден старт со Кансело и директно заработи црвен картон.

До полувремето веќе беше 3:0, откако Габриел Жезус погоди во мрежата на Лено.

Во вториот дел уште два гола во мрежата на гостите. Родри со одмерен удар од далечина во 53. минута зголеми на 4:0, а конечните 5:0 беа дело на Феран Торес во 84. минута.

ПретходноНов проблем за Цапар: Амел Рустемовски отпаѓа поради повреда
Следно„Ла Република“ открива: Што му кажал Пеп на Роналдо и го расипал трансферот во Сити?