Македонската одбојкарска репрезентација во комплетен состав попладнево со лет од Скопје замина за Финска, каде од 1. септември ги започнува настапите на Европското прнство.
Нашите момци пред заминувањата испратија кратка порака: Ново Европско за малата земја со големи соништа.
Оваа порака е на место, Македонија е гладна за успеси, спортот е единствената причина поради која се радува целата нација, начинот на кој душите со полнат со радост е уникатен.
Македонија на ова ЕП е во група со Финска, Русија, Шпанија, Турција и Холандија.