ПМФЛ: Шкендија се спаси во Битола, трилер победа на Брегалница, Шкупи го “наполни“ Скопје!

1678

Супер интересни натпревари во 5.коло во ПМФЛ. Пелистер го освои првиот бод сезонава и тоа против Шкендија, играјќи 2:2. Рамадани и донесе водство на Шкендија, за да потоа Јуфио со два гола прави пресврт, за да на крај Аденис Шала, новиот член на Шкендија, израмни на 2:2. Голм бод за Пелистер.

Шкупи со убедливи 4:1 славеше во скопската пресметка. Радески, Хамиди и двапати Дамиларе стрелаа за домашните, додека во финишот пиратите постигнаа почесен гол.

Тиквеш и Струга ТЛ ги поделија бодовите, Христов погоди за домашните а Скендери ги постави конечните 1:1.

Во Ѓорче екипата на Македонија ЃП со трите гола на Ермедин Адем го победи Борец со 3:2.

Во Штип трилер победа на Брегалница со 3:2 против Академија Пандев, Гостите двапати водеа, домашните двапати израмнуваа за да во последните секунди Алтипармаковски донесе три бода за сините.

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – А.ПАНДЕВ 3:2

(Ескиќ 66.,, Ѓокиќ 84., Алтипармаковски 90+3./Велиновски 17., Мирчевски 73.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 3:2

(Адем (п), 41., (п) 55., 86./Трајкоски 25., 58.)

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 2:2

(Јуфо 39., (п) 63./Рамадани 9., Шала 79.)

ШКУПИ – СКОПЈЕ 4:1

(Радески 28., Хамиди 46., Дамиларе 49., 58.)

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1:1

(Христов 10.,/Скендери 80.)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Селмани 25.,М. Станковски (п) 35/)

ПретходноКапело ја знае причината поради која Роналдо го напушти Јуве
СледноПокетино потврди: Меси утре ќе дебитира