Завршија првите полувремиња на пет средби од 5.коло во ПМФЛ. Во Тетово мечот почна подоцна, а најинтересно беше во Битола. Имено Шкендија поведе со голот на Рамадани, за потоа од слободен удар Виктор Нилдо Јуфо стрелаше во мрежата на својот некогашен тим за 1:1 и со тоа им донесе радост на сите во Пелистер.
Македонија ЃП и Борец играат 1:1. Гостите поведоа со голот на Лука Трајкоски, за да Ермедин Адем израмни од пенал.
Шкупи со голот на Марјан Радески има водство од 1:0, исто како и Тиквеш против Струга ТЛ, таму стрелец беше Симеон Христов.
И во Штип, екипата на Академија Пандев води со Брегалница и тоа го прекрасниот гол на Велиновски.