ПЦР тестовите негативни: Одбојкарите попладнево комплетни заминуваат на ЕП во Финска

78

Македонската одбојкарска репрезентација во комплетен состав попладнево со лет од Скопје заминува за Финска, каде од 1 септември ги започнува настапите на Европското прнство.

Утрово нашите одбојкари направија ПЦР тестови и на задоволство на сите во делегацијата, сите тестови се негативни, што значи дека комплетниот состав на нашиот одбојкарски тим заминува на ЕП. Нашите одбојкари и денеска тренираа во Скопје подготвувајќи се за она што ги чека на вториот настап на континенталните собири.

Македонија на ова ЕП е во група со Финска, Русија, Шпанија, Турција и Холандија. Имаме тешка група, но и искуство повеќе по дебитантскиот настап на шампионатите пред две години во Словенија. Предводени од капитенот Никола Ѓорѓиев и селекторот Душко Николиќ, останува да се надеваме на добар почеток веќе в среда против Финска.

ПретходноЈуве донесе замена за Роналдо: Моис Кин се врати во Торино
СледноНов проблем за Цапар: Амел Рустемовски отпаѓа поради повреда