Работнички и се заблагодари на Ренова за спортското џентлменство

1301

Екипата на Работнички имаше проблеми на патот за мечот со Ренова. Поради проблеми со автобусот, а од Ренова им излегле во пресрет и им испратиле возило за да ги пренесе фудбалерите и стручниот штаб на скопската екипа до Тетово.

По натпреварот Работнички и се заблагодари на Ренова за џентлменскиот потег.

Фудбалскиот клуб Работнички изразува благодарност до ФК Ренова за одличниот прием во текот на натпреварот, но тоа што сакаме да го потенцираме е пријателскиот гест на клубот од Тетово пред почетокот на денешниот меч. Ренова покажа големина и спортско џентлеменство во моментите кога тоа му беше потребно на Работнички.

ФК Ренова испрати автобус како пријателска реакција на проблемите кои настанаа при нашето патување кон Тетово. Со тоа помогна да нема преголемо доцнење на стартот на натпреварот, а фудбалерите и стручниот штаб на Работнички безбедно стигнаа на ова гостување.

Ова е вистински пример на меѓусебно клупско почитување и израз на спортски фер-плеј и надвор од теренот“, соопштија од Работнички.

ПретходноЧурлинов стартер, Шалке со пресврт славеше против Фортуна (видео)
Следно„БОМБА“ ПОД ШАРА: Бесарт ја напушта Шкендија и потпишува за Ксанти