Реал со ултиматум до ПСЖ: „ДА“ до утре или трансферот на Мбапе пропаѓа!

333

Се чини дека “кралевите“ полека го губат трпението. Откако ПСЖ и втората понуда од 180 милиони евра за Килијан Мбапе ја одби, Реал Мадрид утринава со директен ултиматум до нив.

Имате два дена да ја прифатите понудата, значи до утре е последен ден. Во спротивно трансферот на Мбапе во Реал Мадрид пропаѓа“ стои во дел од ултиматумот на “кралевите“ до ПСЖ како што пренесуваат медиумите во Фрација и Шпанија.

Сега останува да се види како ќе реагираат шеиците од Катар, кои пак не сакаат премногу вакви закани. Сепак 180 милиони евра си се 180 милиони евра.

ПретходноЕкс – Шкендија дуел: Тодоровски против Брдариќ во Суперкупот на Албанија!
СледноПМФЛ: Во Штип гостува лидерот, скопска пресметка во Маџари, Шкендија по лесни три во Битола…