Несакана случка на стадионот во Ѓорче, каде што играат Македонија ЃП и Борец. Имено при еден возудушен дуел меѓу Личина и Ѓорѓевиќ, настрада гостинскиот фудбалер и тоа во пределот на лицето па веднаш беше пренесен во болница со возило на Брза помош. Допрва ќе се знае дали навистина станува збор за тешка повреда со оглед на тоа како реагираа медицинските лица на стадионот во Ѓорче.