Феникс со шанса за талентите, договор за Петков!

144

Екипата на Феникс, која во изминатиот период работеше на „производство“ на млади таленти, својата мисија ја продолжува и во иднина. Покрај работата со млади тимови, новиот прволигаш на талентираните играчи ќе им овозможи да собираат искуство во најсилното македонско клупско првенство.

Младинскиот репрезентативец на Македонија,Марин Петков кој изминатата сезона го носеше дресот на Феникс, поточно играше со двојна лиценса од следната сезона и официјално ќе биде од тимот кој ќе настапува во Првата лига.

Станува збор за кошаркар висок 192 сантиметри кој добро се снаоѓа на двете бековски позиции и ќе биде само дел од талентираната генерација која следната сезона ќе се бори во „елитата“

 

ПретходноЛевандовски го изедначи рекордот на легендарниот фудбалер
СледноОдбојкарите порачаа: Ново Европско за малата земја со големи соништа!