Екипата на Шалке ја забележа втората победа во германската Втора лига откако вечерва со 3:1 ја победи Фортуна од Дизелдорф во рамките на 5. коло. Апелкамп со гол во 12. минута донесе предност за Фортуна, а потоа Белтер и Терод го свртеја резултатот во корист на Шалке. Терод во финишот на мечот со својот втор гол ја запечати победата од 3:1.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше на теренот од првата минута и играше до 76. минута кога беше заменет од Ајдин.
Чурлинов пред една недела беше асистент за гол во поразот од 4:1 на Шалке против Јан Регензбург. Шалке успеа да се рехабилитира со вечерашната победа на домашен терен. Тимот од Гелзенкирхен има седум бода по пет одиграни кола.