Италијанскиот напаѓач Моис Кин е нов играч на Јувентус.Само ден откако стана јасно дека Роналдо си заминува од „Старата Дама“, Јувентус успеа да се договори со Евертон и да го донесе на едногодишна позајмица Кин, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната.
Младиот напаѓач е дете на Јувентус, бидејќи израсна во торинскиот клуб и ги помина сите помлади категории.
Тој ја започна својата кариера во 2017 година и помина една сезона на позајмица во Верона. Јувентус го продаде во Евертон за 27,5 милиони евра во 2019 година, но Кин таму не се прослави. Минатата сезона играше на позајмица во ПСЖ.