Најдобриот играч на тимот на Њујорк Никс, Џулиус Рендл и натаму ќе биде дел од овој клуб, затоа што медиумите во САД објавија дека дека е потпишана нова взаемна соработка.
Рендл во измината сезона беше водачот на Никси,постави неколку клупски рекорди за постигнати поени, констатно ја подобруваше личната статистика и едноставно заслужи да биде награден со договор кој е финансиски далеку подобар од претходниот.