Македонија ЃП одново победи и тоа благодарение на Ермедин Адем.“Лавовите“ го победија Борец со 3:2, а сите три гола беа дело на играчот за врска. Првите два од пенал, а потоа и од игра, колку да покаже Адем дека знае и од игра да стрела во противничката мрежа.
Овие три гола му го донесоа првото место, по 5.коло, на голгетерската листа. Сега тој има 5 голови колку што има и Мартин Мирчевски од А. Пандев. По четири имаат Дориев (Шкендија) и Селмани (Ренова).