Како што дознава СПОРТМЕДИА Бесарт Ибраими денеска со Пелистер во Битола го играше последниот меч за Шкендија. По шест години престој, три освоени титули, два Купа на Македонија, четири пати најдобар стрелец во ПМФЛ, Ибраими си заминува од Шкендија и се сели во Ксанти.
Тој веќе се договорил со грчкиот второлигаш на две години, останува уште да се официјализираат деталите. Иако е под договор со Шкендија, како што дознава СПОРТМЕДИА тетовскиот клуб нема да му прави проблеми за трансферот.
Овој трансфер доаѓа откако Ибраими и Алими имаа несогласувања со тренерот Бруно Акраповиќ.