Клисман Цаке: Струга ТЛ ја чека тешко гостување во Кавадарци!

147

Струга Трим Лум во досегашниот дел од сезоната во ПМФЛ е една од трите екипи кои досега не е поразена. Стружани се надеваат дека така ќе биде и по попладневното гостување во Кавадарци, кај составот на Тиквеш, кој пак нема победа.

Не е тајна дека Струга ТЛ ја чека тешко гостување во Кавадарци. Домашниот тим со сета сила ќе настојува до дојде до триумф. Секако дека го респектираме Тиквеш, тоа е добра екипа, но ние си ја гледаме нашата работа. Очекувам убав фудбалски амбиент, добар натпревар, и се разбира добар резултат за нас. Посакувам да го продолжиме трендот на добри игри и резултати и на овој меч“вели Цаке за “Спортмедиа“.

Мечот започнува во 16 часот попладне.

ПретходноАкциите на Јунајтед пораснаа за 8%, милион следачи плус на социјалните мрежи
СледноЕкс – Шкендија дуел: Тодоровски против Брдариќ во Суперкупот на Албанија!