Македонската кошаркарска репрезентација се најде во последниот – осми шешир пред ждрепката за квалификациите за Светскиот Куп 2023 година, кој ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Ждрепката е закажана за 31 август во 12 часот и ќе се одржи во швајцарскиот град Миес. Македонија нема да ги има за противниците селекциите на Португалија, Шведска и Словачка.
ШЕШИР 1: Шпанија, Франција, Словенија, Србија.
ШЕШИР 2: Литванија, Грција, Италија, Германија.
ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција.
ШЕШИР 4: Хрватска, Украина, Летонија, Црна Гора.
ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија.
ШЕШИР 6: Израел, БиХ, Велика Британија, Холандија.
ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија.
ШЕШИР 8: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Португалија, Шведска.